Како се случил еден од најлошите порази во историјата на римската војска?

Настаните опишани во следните редови останале запаметени во историјата како најголемиот пораз што го претрпела римската војска, демистифицирајќи ја нејзината непобедливост.

Годината е 9 од новата ера. Рим се обидувал да ја смири Германија, која била населена со бројни независни варварски племиња. Римската империја користела докажани тактики кои се покажале како исклучително успешни во Галија. На владетелите на поголемите племиња им се нудело „државјанство“, а оние што одбивале мирно да се покорат многу брзо го вкрстувале мечот со оној латинскиот. Покраината била управувана од Публиј Квинтилиј Вар.

Арминиј бил на другата страна. Тој бил син на поглаварот на едно од најголемите и највлијателните племиња во регионот - Херуските. Киднапиран како дете, бил испратен во Рим на обука. Сега како Римјанин се вратил во татковината, за да ги смири немирите.

Сепак, Арминиј не заборавил од каде доаѓа. Иако во официјална мисија, цело време тој всушност се обидувал да ги обедини германските племиња и да формира воена сила доволно силна за да ги одбие римските легии. Се проценува дека Вар имал на располагање околу 20.000 легионери, поради што било исклучително важно Арминиј да изгради организирана војска.

Квинтилиј Вар, несвесен за тоа што му се подготвувало, наесен тргнал да му помогне на едно германското племе по наговор на Арминиј. Патеката била тесна, темна и непозната. По патеката неодредено се протегале три римски легии. Тоа било местото кое Арминиј го избрал за заседа - Тевтобуршката шума.

Влез во стапица

Додека ударната сила на Квинтилиј, составена од три легии - вклучително и три ескадрили коњаница и шест групи помошни трупи - марширала по непознати патеки низ шумите и мочуриштата, долгата линија станала растегната и разредена. Не им помогнало врнежливото време и ветерот што уште повеќе ги забавиле.

Свесен за стапицата во која ги вовлекол, Арминиј им наредил на германските племиња да го започнат првиот од низата напади, чија тактика се засновала на: удри и бегај. Целта била да се нападнат заостанатите и слабите точки во колоната, а потоа да се вратат во безбедноста на шумата штом Римјаните ќе покажеле каков било знак на отпор.

Римската војска била исцрпена на сите можни начини. Најблиската римска база била во Халтерн, на околу 100 километри југозападно, па Вар се упатил кон неа. Меѓутоа, на третиот ден, тој и неговите исцрпени легии стигнале до тесен коридор што се граничел со стрмен рид на југ и непроодно мочуриште на север. Преминот бил долг околу 6 километри, но широк помалку од 200 метри - совршено место за заседа, а Арминиј го знаел тоа.

Археолошките докази потврдуваат дека племињата изградиле ниски тревни ѕидови и песочни бедеми по должината на ридот. Тие не само што служеле како заштита од римските погледи, туку и дополнително го стеснувале патот. На овој начин ги ограничиле Римјаните на просторот што им бил потребен за правилно формирање на борбена линија.

Кога расфрланата римска колона влегувала во преминот, се нашла заробена во тесно грло од кое немало излез. Археолошките наоди укажуваат и на тоа дека некои од Римјаните се обиделе да ги нападнат бедемите, но безуспешно.

Сфаќајќи дека нема спас и знаејќи дека крајот е близу доколку паднат во рацете на Германите, Квинтилиј Вар решил да се самоубие, фрлајќи се на својот меч. Нападнати од сите страни од германските воини, без можност за бегство - преостанатите војници од легиите на Вар беа масакрирани.

Само неколку успеале да побегнат и да стигнат на безбедно, а кога успеале, приказната што ја раскажале била шокантна.

Уништена репутација

Нивниот вековен непоколеблив углед на непобедлива војска бил уништен. Како што веста за овој пораз се ширела низ Германија како шумски пожар, многу гарнизони биле брзо напуштени или преплавени од локалното население.

Во меѓувреме, веста за поразот стигнала до ушите на Август. Неговите современици забележале дека императорот не се бричел неколку месеци и дека стекнал навика да вика „Quintili Vare, legiones redde!!“ т.е „Квинтилиј Вар, врати ми ги моите легии!“. А поразените легии никогаш повеќе немало да се формираат.

Римската одмазда била неизбежна. Царските сили на Рајна биле зголемени од пет легии на осум, а на Тибериј и подоцна и на Германик, им било наредено да се одмаздат за поразот и да го казнат Арминиј. Ова било полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи херусканскиот поглавар се покажал како дораснат непријател.

Во 15 година од новата ера, римските сили под Германик конечно се вратиле на бојното поле Тевтобург и она што го нашле таму ги преплашило. Човечки глави биле приковани на дрвјата, а коските на мртвите луѓе и животни лежеа насекаде.

Германик ја продолжил потерата. Запишувал успеси, но бил и блиску до пораз кога неговите четири легии биле во заседа од Арминиј.

Следната година Германик повторно го поразил Арминиј, овој пат кај Идиставиз. Меѓутоа, во самиот Рим, потребата за одмазда се намалила со текот на времето. И покрај протестите, Германик бил вратен во Рим во 16 година од новата ера.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе