Лејкерс најде тренер во Конектикат

Ден Харли, првиот човек кој ја одбрани титула за време на мартовското лудило по 2007 година и триумфот на Били Донован со Флорида Стејт, се подготвува за најголемиот предизвик во неговата тренерска кариера.

Харли, архитектот на шампионската генерација на кошаркари од Универзитетот во Конектикат, кој ја одбрани шампионската титула во НЦАА со победата над Пердју во финалето, е главен фаворит за нов тренер на Лос Анџелес Лејкерс.

Медиумите изминатите недели со Лејекрс го поврзуваа поранешниот кошаркар Џеј-Џеј Редик, но претседателката на Лејкерс, Џени Бас, и генералниот менаџер на познатата франшиза, Роб Пелинка, се свртеа кон решение кое дефинитивно има повеќе смисла и се однесува на соработката со човек кој, меѓу другото, во колеџ конкуренција се покажа како авторитет во тим полн со талент и идни НБА ѕвезди.

Тоа е еден од квалитетите кои го препорачуваат за сериозен предизвик, работа со Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и остатокот од тимот, кој од титулата во „меурот“ во 2020 година бележи резултати далеку под реномето на франшизата и очекувањата на фановите и јавноста.

ESPN објави дека Харли во петок ќе отпатува за Калифорнија и ќе го има својот прв состанок со највисокото раководство на Лејкерс.

Извесно е дека по Пол Сајлас, Брендан Мелоун, Мајк Браун, Ерик Сполстра, Дејвид Блат, Тајрон Лу, Лук Волтон, Френк Фогел и Дарвин Хам, јубилеен десетти тренер на Леброн Џејмс во НБА ќе биде Харли.

реклама

Кошарка

Леброн ги напушта Лејкерс?

Read more

Зошто Јокиќ уште не го потпишал супермакс договорот со Денвер?

Read more

Лаури ќе игра 20-та НБА сезона: Потпиша едногодишен договор

Read more

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Read more
 

Спорт

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Читај повеќе

Рафаел Надал ќе му биде ментор на Александар Зверев

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Читај повеќе

Челси се збогати во САД, Палмер и другарите заработија над 100 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна сцена: Трамп одби да го напушти подиумот при прославата на играчите на Челси

Читај повеќе

Рекордна година: Колку заработи Синер со освојувањето на Вимблдон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос на крајот од финалето ПСЖ - Челси, бесниот Луис Енрике удри играч

Читај повеќе

Леброн ги напушта Лејкерс?

Читај повеќе