НБА 2023/2024 ФИНАЛЕ

Далас на крилјата на Дончиќ го замрзна Бостон на -38 и ја продолжи финалната серија

Кошаркарите на Далас Маверикс успеаја да ја постигнат првата победа во финалната серија од НБА лигата, откако ноќеска на домашен паркет го декласираа Бостон Селтикс со 122:84.

Така Далас ја продолжи финалната серија барем за уште еден натпревар, бидејќи ја намали предноста на Бостон, кој веќе сите го гледаат како нов шампион, на 3:1.

Од почетокот овој натпревар одеше во еден правец и Далас доминираше на паркетот, водеше со 34:21 по првата четвртина, а на полувреме беа огромни 61:35.

Бостон тогаш како да се откажа и реши да се чува за следниот меч на домашен терен, каде ќе сака да ја потврди титулата шампион во НБА, за која му е потребна само една победа.

Четвртиот натпревар заврши 122:84 за Далас, предводен од Лука Дончиќ со 29 поени, 5 скока и 5 асистенции, а Кајри Ирвинг постигна 21 поен со 4 скока и 6 асистенции.

Кај Бостон помалку лош од останатите беше Џејсон Тејтум со 15 поени, а Сем Хаузер постигна 14.

Следниот натпревар во Бостон се игра ноќта од понеделник кон вторник од 2:30 часот. Директен пренос за територијата на Македонија ќе врши Arena Premium 1.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Кошарка

Историски меч во Њујорк, го обележаа Харт и Таунс

Read more

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Read more

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Read more

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Read more
 

Спорт

Маркињос: Резил, им се извинувам на нашите навивачи

Читај повеќе

Шокантен пресврт во истрагата за смртта на Марадона: Уапсен телохранителот

Читај повеќе

ФИФА соопшти колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

Читај повеќе

Ред Бул прави рокада Јуки Цунода за Лиам Лосон

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас: Испуштивме големи 3 бода

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски меч во Њујорк, го обележаа Харт и Таунс

Читај повеќе
  • play_arrow

Миовски: Жално да се прими гол во последните 10 секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина без Меси го понижи Бразил и се пласираше на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе