Размонтиран телефонот на преклоп со најголема батерија досега

Иако Honor допрва треба да го објави Magic Vs, познатиот јутјубер Зек Нелсон веќе имаше можност да го расклопи новиот уред.

Иако се на пазарот со години, телефоните на преклоп сè уште привлекуваат љубопитни погледи поради нивниот футуристички дизајн кој се чини дека им пркоси на вообичаените закони на физиката, а еден таков уред ќе биде претставен од компанијата Honor на 27 февруари во Барселона.

За време на настанот MWC, за прв пат ќе имаме можност да го фатиме во рака новиот Honor Magic Vs, но дотогаш можноста да го видиме овој уред ни ја пружи познатиот јутјубер Зек Нелсон, на многумина попознат како JerryRigEverything.

На својот канал, Нелсон го расклопи најновиот флегшип телефон на преклоп, давајќи ни увид не само во отпакувањето и дизајнот на самиот уред, туку и во внатрешноста, односно компонентите што го сочинуваат Honor Magic Vs - пред официјалната премиера.

На оние кои уживаат да пронаоѓаат детали сигурно ќе им се допадне видеото на Нелсон, бидејќи, меѓу другото, може да се забележат и спецификациите на батеријата - со капацитет од 5.000 mAh, како и дизајнот на новата шарка.

Користејќи ја технологијата на едноделно лиење, Honor разви исклучително лесна шарка без запчаник, драстично намалувајќи го бројот на употребени структурни компоненти - од 92 на само 4.

Шарките се направени од специјален полимерен материјал кој е 62% полесен од обичните метали и се користи во вселенските технологии.

Благодарение на дополнителниот простор што го обезбедува помалата шарка, Honor Magic Vs се превиткува без празнина, а компанијата исто така го искористи овој простор за да го зголеми капацитетот на батеријата до гореспоменатите 5.000 mAh, што е најголемиот капацитет досега виден на паметен телефон на преклоп.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе