Дури три продолженија беа потребни за да се дојде до победник на дуелот на Мајами Хит и Торонто Репторс, додека Далас Маверикс ја совлада Индијана Пејсерс благодарение на одличната партија на Лука Дончиќ кој оствари дабл-дабл ефект.
Највозбудливо беше на дуелот во Мајами каде гостите од Канада победија со 124:120 по дури три продолженија.
Гери Трент Џуниор го предводеше Торонто со неговите 33 поени, Скоти Барнс додаде 22, Паскал Сјакам 21 и Оџи Ануноби 20.
Џими Батлер постигна трипл-дабл со 37 поени, 14 скока и 11 асистенции за водечкиот тим од Источната конференција, но ниту тоа не му помогна на Мајами да го избегне поразот.
Далас дојде до победа предводен од словенечкото чудо. Домашните по првата четвртина веќе водеа со 34:23, а до крајот на натпреварот дополнително ја зголемија предноста за 29-та сезонска победа.
Лука Дончиќ постигна 30 поени со 12 асистенции и 6 скока, а имаше помош од Реџи Булок кој даде 23 поени, постигнувајќи 6 од 7 тројки. Макси Клебер постигна 15 поени со 13 скока.
Дуан Вашингтон Џуниор ги предводеше Пејсерс со 22 поена, а Домантас Сабонис постигна 21 поен и 15 скока.
Филаделфија 76ерс на свој паркет го победија Сакраменто Кингс со 103:101, а извонреден беше Џоел Ембиид со 36 поени, 12 скока и 6 асистенции.
Тајрис Халибартон, пак, постигна 38 поени, но Кингс ја испуштија предноста што ја имаа во поголемиот дел од натпреварот.
Резултати:
Далас Маверикс - Индијана Пејсерс 132:105
Њу Орлеанс Пеликанс - Бостон Селтикс 97:107
Филаделфија 76ерс - Сакраменто Кингс 103:101
Мемфис Гризлис - Вашингтон Визардс 115:95
Мајами Хит - Торонто Репторс 120:124
Голден Стејт Вориорс - Бруклин Нетс 110:106
Табела: