Времеплов: Пред 14 години Пандев ја освои Лигата на шампиони

На денешен ден во 2010 година Горан Пандев стана третиот Македонец што го освоил најреномираното клупско натпреварување на УЕФА.

Таа мајска вечер на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид нашиот Гоче беше во стартниот состав на Интер, тогаш предводен од Жозе Мурињо. Противник беше баварскиот гигант Баерн.

Пандев играше како десно крило и заедно со Самуел Ето, кој беше лево, му даваа поддршка на истурениот голгетер Диего Милито. Токму Аргентинецот ги постигна двата гола со кои Интер победи и го зграпчи вредниот пехар.

Филип Лам стартува над Пандев

Струмичанецот играше до 79. минута кога беше заменет со Сули Мунтари. Тоа се случи 9 минути откако Милито зголеми на 2:0, па Мурињо како превентива внесе играч со дефанзивни задачи.

Пандев во дуел со Томас Милер

Пандев е вкупно третиот Македонец кој станал клупски шампион на Европа. Пред него тоа им успеа на Илија Најдоски и Дарко Панчев кои во 1991 година со Црвена звезда на пенали го совладаа Олимпик од Марсеј во финалето од тогашниот Куп на шампионите.

Таа 2010 година за Пандев беше и тоа како успешна. Покрај Лигата на шампиони, тој во црносиниот дрес ги освои и Копа Италија, Серија А и Светското клупско првенство.

Remote video URL
реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Студен туш за Киев: Лавров ја отфрли идејата Русија да ѝ врати територии на Украина

Read more

Колку километри треба да трчате според вашата возраст?

Read more

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Фудбал

Почнаа домашните фудбалски возбудувања: Видео-преглед на првата и втората лига

Read more

Објавен списокот на фудбалерки за дуелот со Косово - без најдобрата Андонова

Read more

Роналдо го избра најлошиот соиграч: Беше шега, ги тепаше противниците

Read more

Пеп го избра наследникот на Де Брујне: Де Кетеларе летна цел на Сити

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Почнаа домашните фудбалски возбудувања: Видео-преглед на првата и втората лига

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за дуелот со Косово - без најдобрата Андонова

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо го избра најлошиот соиграч: Беше шега, ги тепаше противниците

Читај повеќе
  • play_arrow

Тениските ѕвезди се обидоа да зборуваат арапски, Ѓоковиќ кажа најмногу

Читај повеќе

Пеп го избра наследникот на Де Брујне: Де Кетеларе летна цел на Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Најскапото промашување на Манчестер Јунајтед „растура“ во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ја шокираше НБА: Еден час пред Ол-стар соопшти дека нема да игра

Читај повеќе

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе