Легендата за римските легионери кои стигнале до Кина

По битката кај Карас дел од легијата на Марк Лициниј Крас била заробена, а за нивната судбина до денес се знае многу малку.

9 јуни 53 година п.н.е. Римското Царство го претрпело еден од најголемите воени катастрофи во својата историја. На југоистокот на денешна Турција се спротивставиле две наизглед нерамноправни војски. Од едната страна биле римски трупи сочинети од околу 40 илјади луѓе и 7 легии под команда на Марк Лициниј Крас, додека на другата страна се наоѓала партската војска со која командувал Сурена. Неговите сили биле сочинети од 1.000 коњаници и 9 илјади стрелци, а комбинацијата на овие две единици била клучна за крајниот исход - биле убиени околу 20 илјади римски војници меѓу кои се наоѓал и самиот Марк Крас, познат по тоа што го задушил востанието на гладијаторот Спартак.

Депортирани затвореници или платеници?

Изворите од античкиот период наведуваат дека дел од преживеаните Римјани успеал да побегне и да се врати во татковината, додека околу 10 илјади луѓе биле заробени. Плутарх тврди дека биле одведени во градот Селевкија на Тигар (именуван по Селевк I Победникот, генерал во војската на Александар Македонски и родоначалник на династијата Селевкиди) каде биле приморани да учествуваат во триумфална парада, по што биле префрлени во град кој се наоѓал на оддалеченост од околу 2.500 километри. Од тој момент судбината на римските заробеници е обвиена со велот на мистеријата.

Најлогичното објаснување би било дека овие мажи се ожениле со локални жени и на тој начин биле интегрирани во партското општество. Меѓутоа, во 50-тите години на минатиот век американскиот синолог Хомер Дабс истражувајќи низ кинески историски извори пронашол докази дека наводно барем еден дел од овие затвореници ја продолжил својата воена кариера во странство.

Според хрониките од периодот на владеењето на кинеската династија Хан, во 36 година п.н.е. војска предводена од генералот Ган Јен почнала кампања против племенската конфедерација Шјонну - кои ја имале загрозено комерцијалната безбедност на Патот на свилата. За време на нападот на нивната престолнина, кинеските сили приметиле контингент кој бил сочинет од над стотина војници, кои бранеле една од градските порти распоредени во формација налик на „рибни крлушки“. Во хрониките исто така е напоменато дека надвор од градот била подигната двојна дрвена одбранбена палисада.

Дел од единечна палисада

Според мислењето на Дабс, овој опис од кинеските хроники се однесува на римски војници - „рибните крлушки“ се однесуваат на формацијата тестудо, додека двојната палисада претставува нивна типична тактика при одбрана.

Формација тестудо

Хрониките исто така известуваат дека припадниците на овој одред го преживеале заземањето на градот и дека поради храброста која ја покажале во борбата Кинезите одлучиле да ги искористат за одбрана на сопствените граници. Од тие причини биле префрлени во место кое го именувале Личиан, што е неверојатна случајност бидејќи упатува кон теоријата дека легионерите на Марк Крас навистина стигнале дотаму бидејќи Кинезите за Римското Царство го користеле името Ли Чиан.

Хипотезата која ја изнел Дабс и која подоицна ја разработиле други иосторичари не е прифдатена од сите експерти. Многумина од нив денес истакнуваат дека теоријата е поддржана од индиректни докази, како и дека не постои директна врска која ги поврзува затворениците од битката против Патрија со одредот војници кои ја бранеле престолнината на Шјонну и потоа го основале Личиан. Така, во иднбина ним им остранува задачата преку откривање на нови историуски и археолошки докази да јха расветлат ова аинтересна и необична мистерија стара над два милениума.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе