Амбер Херд сведочеше дека поранешниот сопруг Џони Деп клекнал врз неа и ја удирал по задниот дел на главата во расправија пред да стапат во брак. Деп наводно ја обвинил дека го изневерува со колега.

Џони Деп (57) го тужи издавачот на таблоидот The Sun поради објавен текст во кој се наведува дека е „женотепач“, што тој го негира, а весникот тврди дека е точно.
Пред Врховниот суд во Лондон, на десеттиот ден од судењето, актерката Амбер Херд сведочеше дека била жртва на постојано и редовно физичко насилство пред и за време на бракот со Деп.

Адвокатите од правната канцеларија што го застапува Деп, Eleanor Laws QC, ја праша Херд за нејзините обвиненија за расправијата во јануари, 2015 година, наведувајќи дека расправијата била околу предбрачниот договор со Деп.
„Имаше расправија во хотелска соба во Токио која кулминираше со физички напад во кој Џони ми клекна на грбот и ме удираше по задниот дел на главата“, рече Херд пред судот.
Херд рече дека Деп ѝ рекол дека не сака предбрачен договор, но дека сестра му, Кристи Дембровски, сакала двојката да потпише таков договор.
„Тој спомна дека на тоа инсистирала Кристи, сестра му, која му ги води работите. Рече дека таа сака, а не тој, дека ми верува и ми повторуваше дека единствен начин за излез од бракот е смрт.“
Но, потоа почнал да ја обвинува дека има афера и тоа било вистинската причина за жестоката расправија.
Херд исто така на прашање на адвокатите рекла дека во поглед на носење на одлуките во врската, таа била речиси безгласна и немала никаква моќ на одлучување за тоа.
Случајот на Деп се заснова врз текстот објавен на веб-страницата на The Sun во април, 2018 година со наслов: „Gone Potty: How can JK Rowling be 'genuinely happy' casting wife beater Johnny Depp in the new Fantastic Beasts film?“.
Во текстот се наведуваат обвиненијата на Херд, која беше во брак со Деп од 2015 до 2017 година.
Се очекува парницата да трае три недели. Деп ги негира обвиненијата на Деп и вели дека напротив, Херд била насилниот партнер во врската.