Како сложениот систем на аквадукти го снабдувал со вода Римското Царство?

Аквадуктите биле сложен систем кој ги снабдувал градовите од Римското Царство со вода, а нивната отпорност на забот на времето е неверојатна.

По падот на Римската империја, на човечката цивилизација ѝ требале векови да ги совлада достигнувањата на старите Римјани.

Иако некои сознанија не преживеале во никаква корисна форма, дел од нив останале трајно отелотворене. Моќните урнатини на римските аквадукти, на пример, продолжиле да стојат низ поранешната империја, зачудувајќи ги граѓаните ширум светот. Заедно тие некогаш формирале огромен систем за испорака на вода. На човештвото му требало долго време да ја разбере изградбата и функцијата на аквадуктот.

Хеленски изум распространет во Рим

Старите хеленски инженери ги дизајнирале и изградиле првите аквадукти во VI век пред новата ера.

Каналот, чиешто корито било направено од камен, носел изворска вода во древна Атина, а Самос се снабдувал со вода со аквадуктот што пропаѓал низ тунел подолг од еден километар, што дополнително зборува за сложеноста на системот на аквадуктите.

Овие системи се развиле за време на хеленистичката ера, а нивните римски наследници користеле сводови и хидрауличен бетон, но примарната разлика била, пред сè, бројот и размерот на аквадуктите.

Повеќето римски градови се снабдувале со вода за пиење преку мрежа од бунари или локални извори, а аквадуктите биле главно луксуз, дизајнирани да снабдуваат бањи, украсени фонтани и домови на римската аристократија. Благодарение на желбата на старите Римјани за луксуз, создадени биле голем број нивни големи дела.

Изградба

Аквадуктите може да се поделат на два вида според начинот на градба. Од една страна имало аквадукти составени од огромни сводови, кои се протегале надалеку. Меѓутоа, римските инженери почесто граделе аквадукти под земја, бидејќи оваа варијанта била поекономична и ги штитела аквадуктите од штетните влијанија на природата, како што е, на пример, ерозијата на почвата.

Пред изградба на аквадукт, инженерите го проценувале квалитетот на водата што ќе се користи со испитување на нејзината проѕирност, проток и вкус. Внимавале и на здравствената состојба на оние кои ја пиеле. Кога градбата ќе била одобрена, биле пресметувани правилната патека и наклонот, како и големината и должината на водните канали. Физичката работа ја вршеле робовите. Изградбата на еден аквадукт траела неколку години, поради што биле скапи, особено ако биле потребни лакови.

За одржување и заштита на аквадуктите во Рим едно време биле ангажирани околу 700 луѓе. Нацртите за аквадуктите вклучувале и одржување. На пример, до делови од аквадуктот под земја може да се дојде преку шахти. Кога биле потребни некои поголеми поправки, инженерите можеле привремено да ја пренасочат водата за да ја поправат штетата.

Функција

Изградбата на римските аквадукти, во суштина, создавале вештачки реки, кои течеле надолу, од изворот до градот. Водата била спроведувана на долги растојанија, користејќи само гравитација, на спуштачка падина од околу 5 до 10 стапки по милја.

Овој прецизен инженеринг е овозможен со употреба на алатки како што се диоптри (астрономски и геодетски инструменти) и хоробати (издолжена дрвена платформа, со надолжни прегради исполнети со вода), како и огромна количина на работна сила. Римските аквадукти минувале главно под земја и во импресивни издигнати канали, кои денес се знаменитости. Најспектакуларниот пример за таков аквадукт е несомнено Понт ду Гард, кој се наоѓа недалеку од Ним во Јужна Франција.

Аквадуктот Понт ду Гард

Она што порано било инфраструктура за добро наводнуваните вили на богатите Римјани, денес е одлично место за патување.

Аквадукти во Македонија

Во Македонија постои само еден аквадукт и тоа оној во Скопје во населбата Визбегово. Датумот на неговата изградба не е познат, а се смета дека датира од времето на античкиот период на Римското Царство или средновековниот период на Империјата. Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора.

Фото: Википедиа
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе