Што треба да вежбате за да живеете подолго?

А.С.
/ 27.03.2022 / 10:27

Можеби сте слушнале дека вежбите за сила најмногу имаат корист за вашето мускулно и скелетно здравје, но тие можат да имаат уште две големи придобивки: да ви помогнат да спречите болести и да живеете подолго.

Сега и знаеме колку време треба да потрошиме на овие вежби, според новата студија објавена во British Journal of Sports Medicine.

Во споредба со луѓето кои не правеле активности за зајакнување на мускулите, оние кои правеле 30 до 60 минути тренинг со отпор, тренинзи за сила или вежбање со тегови имале 10 до 20 проценти помал ризик од рана смрт од сите причини и од срцеви заболувања, дијабетес или рак, открија авторите на студијата.

Овие типови на вежби се дизајнирани да ја подобрат мускулната кондиција со вежбање на мускулите против надворешен отпор, според Американскиот колеџ за спортска медицина.

Комбинирањето на 30 до 60 минути тренинг за сила со која било количина на аеробна активност ја зголеми користа, што резултира со 40 отсто помал ризик од прерана смрт, 46 отсто помала инциденца на срцеви заболувања и 28 отсто помали шанси за смрт од рак.

Истражувањето е исто така првото што ги испитува долгорочните врски помеѓу активностите за зајакнување на мускулите и ризикот од дијабетес, велат авторите.

„Многу претходни студии покажаа корисен ефект на вежбите за зајакнување на мускулите врз незаразните болести и ризикот од рана смрт“, вели првиот автор на студијата Харуки Мома, предавач по медицина и наука за спорт и вежбање на Универзитетот Тохоку во Јапонија.

Новата студија е анализа на 16 претходни студии, кои сочинуваат збир на податоци од речиси 480.000 учесници во студијата.

Испитаниците имале меѓу 18 и 98 години, а повеќето од нив живееле во САД. Учесниците или самите пријавиле дека се вклучени во активности за зајакнување на мускулите или одговарале на прашања за време на интервјуто.

Наодите се одлична вест за луѓето кои се активни и подобри вести за оние кои се неактивни бидејќи можат да го подобрат своето здравје со малку вложено време.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фит

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more
 

Магазин

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе