Возачи што најдолго чекаа на својата прва победа во Ф1

Ф1
Ф.З.
/ 23.05.2024 / 18:40

На трката за Големата награда на Мајами, Ландо Норис ја постигна првата победа во Формула 1 во својот 110-ти настап, но седум возачи чекаа уште подолго на првата победа - ви претставуваме преглед на возачите кои возеле најмногу трки пред нивниот прв триумф во Ф1.

9) Ландо Норис и Џанкарло Физикела – 110 трки

Во Мајами, Норис го доби целосниот обем на подобрувањата на Мекларен и покрај разочарувачките квалификации во кои заврши на 5. место, успеа да победи благодарение на неговата импресивна брзина на употребените медиум гуми и навременото ослободување на безбедносното возило, пренесува MAXF1.

Ф1 кариерата на Физикела беше обележана со брилијантни перформанси во лоши или просечни болиди, а токму во таков болид ја постигна својата прва победа на Големата награда на Бразил во 2003 година - на воланот на Џордан, во променливи услови, Италијанецот брилјираше и го победи Кими Раиконен во побрзиот Мекларен, иако првично победник беше прогласен Финецот.

Но, Физикела беше прогласен за победник по дополнително разгледување на доказите, а трофејот му беше врачен пред почетокот на следната трка во Имола.

7) Нико Розберг – 111 трки

Розберг го напушти Вилијамс за да му се приклучи на Мерцедес во 2010 година, но тимот во тоа време беше само четврти или петти и им требаше долго време за да почнат да се натпреваруваат за подиуми и победи.

Во првиот таков викенд, на Големата награда на Кина во 2012 година, Розберг ја обезбеди пол-позицијата половина секунда пред Хамилтон и Шумахер и доминираше на трката, брилијантно контролирајќи ја потрошувачката на гуми која беше критична таа сезона. Ова воедно беше прва победа на Мерцедес во Формула 1 од 1955 година.

6) Џенсон Батон – 113 трки

По одличната дебитантска сезона во Вилијамс, Батон се пресели во Бенетон во 2001 година, каде што беше прегазен од Физикела, но преселбата во БАР Хонда, која стана Хонда во 2006 година, се покажа како добар потег - во 2004 година тој заврши трет зад двајца возачи на Ферари додека својот момент го дочека во 2006 година во Унгарија.

Во променливите услови на патеката каде што секогаш се истакнуваше, Батон ги искористи проблемите за Шумахер и Алонсо и ја оствари првата победа во кариерата, а со истиот тим, кој стане Браун ГП во 2009 година, го освои и првенство.

5) Јарно Трули – 117 трки

Трули отсекогаш бил специјалист за одлични квалификациски кругови, а во 2004 година во Монако тоа му донесе пол-позиција, која постави силна основа за неговата прва победа во кариерата.

Откако го задржа водството на стартот, Трули имаше целосна контрола на трката, и покрај излегувањето на безбедносното возило, кое водеше во 72 од 77 круга за да ја донесе единствената победа на Рено во сезоната и негова прва победа во кариерата. Тој е единствениот возач на оваа листа кој остана на една победа во Формула 1.

4) Рубенс Барикело – 123 трки

По четири сезони во Џордан и три во Стјуарт, Барикело ја дочека својата можност во конкурентен болид и во 2000 година се пресели во Ферари, каде што главна ѕвезда беше Михаел Шумахер.

Иако беше тешко да се добие шанса за победа покрај Шумахер, Барикело брилијантно се проби до врвот на поредокот од 18. стартно место во Хокенхајм, откако Шумахер се откажа во првиот свиок.

Дождот на крајот на трката им овозможи на Барикело и Ферари да направат храбар потег да останат на суви гуми што му овозможи да ги победи возачите на Мекларен, Хакинен и Култхард, за емотивна прва победа во кариерата.

3) Марк Вебер – 130 трки

Вебер се докажа во Минарди, Јагуар и Вилијамс пред да се пресели во Ред Бул во 2007 година, кој стана конкурентен за победи во 2009 година, како што покажаа победите на Фетел во Кина и Силверстоун.

Но, на Нирбургринг, Вебер беше неверојатно брз, ја зазеде пол-позицијата и успеа да победи и покрај тоа што доби пит-стоп за контакт со Барикело во првиот свиок од првиот круг.

2) Карлос Саинс – 150 трки

Саинс промени многу тимови во својата Ф1 кариера, но дури со неговата преселба во Ферари во 2021 година ја отвори вратата за неговата прва победа која дојде во Силверстоун во 2022 година, еден ден откако ја обезбеди својата прва пол-позиција на дождот.

Но, патот до првата победа не беше лесен бидејќи пред да се повлече безбедносното возило мораше да се спротивстави на одлуката на тимот да се обиде да го заштити Леклер кој не ги смени гумите, што се покажа како пресудно за неговите победнички амбиции.

Саинс го престигна Леклер и се тркаше до победа со водство од речиси четири секунди пред Перес, но потоа чекаше повеќе од една година за неговата следна победа, до Големата награда на Сингапур во 2023 година, кога стана единствениот возач кој го победи Ред Бул таа сезона.

1) Серхио Перес – 190 трки

Од неговата прва сезона во Формула 1 во 2011 година, Перес покажа ветување со добра комбинација на брзина, тркачки вештини и грижа за гумите, а во својата десетта сезона го имаше на располагање најконкурентниот болид до тогаш, Racing Point RP20, кој беше наречен „розовиот Мерцедес“.

Можноста за победа се појави на Големата награда на Сахир во 2020 година - откако Леклер го удри во првиот круг, го испрати на задниот дел од колоната и го прати во боксот по нови гуми, Мексиканецот возеше исклучително брзо и извозе одлични кругови на стратегија која поради раната промена на гумите беше различна од повеќето конкуренти.

Со брзината на Перес и проблемите на Мерцедес во боксот што ја уништија трката и за Ботас и за Расел, Рејсинг Поинт славеше победа на скратената верзија на патеката во Бахреин, бидејќи Перез конечно ја освои првата победа во кариерата, која заедно со другите негови изведби сезона, му донесе возачко место во Ред Бул 2021 година.

Тагови
реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Ф1

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Read more

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Верстапен

Read more

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Read more

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Read more
 

Спорт

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Читај повеќе

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Читај повеќе

Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Читај повеќе

Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе го исплати целиот договор на неговото семејство

Читај повеќе

Познати барабаните за следната жрепка во Лигата на нации, Македонија во последниот

Читај повеќе

Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

Читај повеќе