Семејството Шумахер доби оштета за лажното интервју

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 23.05.2024 / 14:29

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доби 200.000 евра отштета од издавачот на германскиот магазин die Aktuel, кој објави „интервју“ со легендарниот возач, направен со помош на вештачка интелигенција.

Уредникот на списанието беше отпуштен минатата година, а издавачот му се извини на семејството. На насловната страница на 15 април минатата година весникот објави фотографија од Шумахер со наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“.

Поднасловот гласеше „Звучи измамливо реално“, а во текстот пишуваше дека цитатите се направени од вештачка интелигенција.

Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 доживеа тешка повреда на главата на скијање во декември 2013 година и оттогаш не е виден во јавноста.

Шест месеци беше во индуцирана кома, од која беше разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година беше пуштен на домашно лекување и оттогаш нема информации за неговата состојба.

За Шумахер се грижи сопругата Корина и медицинскиот персонал во нивниот дом на Женевското Езеро.

Шумахер е еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1 со 7 титули (1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004), 91 победа и 155 пласмани на подиумот.

Семејството ја чува неговата приватност, па дури и многу пријатели и роднини не ја знаат неговата состојба.

Во документарецот емитуван на Netflix во 2021 година, Корина Шумахер рече дека оди на рехабилитација и сега е „поинаков, но е тука“.

реклама

Украинците се повлекоа од Русија, објавена е снимка: Тоа беше како хорор филм

Read more

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Read more

Се пребаруваат серверите на уште еден компјутер во Министерството за економија

Read more

Ф1

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Read more

Почнува новата Ф1 сезона: Хамилтон сака да ја прекине доминацијата на Верстапен

Read more

Доменикали ќе ја води Формула 1 уште 5 години

Read more

Официјално: Одобрен влезот на Кадилак во Формула 1

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ маестрален во победата на Лејкерс над Санс

Читај повеќе

Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Читај повеќе

Гризман ќе го напушти Атлетико

Читај повеќе

Анчелоти се закани: Последен пат играме ваков натпревар

Читај повеќе

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Читај повеќе
  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе